if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

Topigs Norsvin инвестира во нова станица за В.О. во Минесота

topigs_norsvin_vertical_pms

31 јули 2015

Назад

Topigs Norsvin формира партнерство, Skylab LLP, со партнери за В.О. од Морис во Минесота САД, за да изгради станица за В.О. со 335 нерези. Инвестицијата од Topigs Norsvin САД ќе биде преку 1,000,000 УСД. Станицата ќе има и терминални и мајчински линии. Генералниот директор на Topigs Norsvin САД изјави: „Нашиот деловен успех и добрите односи со партнерите за В.О. и континуираната побарувачка за нашите производи не охрабри да донесеме одлука за ваква инвестиција.“

Новата станица ќе работи според последниот збор на технологијата и експертиза од AIM Worldwide, глобална организација на Topigs Norsvin која е одговорна за квалитет и производство на повеќе од 8 милиони спермални дози годишно. Квалитетот на спермата е контролиран од системот САЅА, а производството ги следи високите стандарди за квалитет на AIM Worldwide. Станицата ќе има филтри за воздух и комплетна климатизација за да се осигури висок здравствен статус и животна средина за нерезите.

Одборот за надзор и одборот на директори на  Topigs Norsvin International, за време на последната недела од нивниот престој во САД ја посетија локацијата каде што ќе се гради станицата, а и неколку клучни клиенти.

Martin Bijl, генерален директор на  Topigs Norsvin International, ја гледа оваа инвестиција како логичен чекор во развојот на компанијата во САД „Ние гледаме растечко побарување за генетиката од Topigs Norsvin на пазарот, особено за новата родителска линија на маторици која беше воведена неодамна, а која ни носи многу нови клиенти. Со оваа станица за В.О. ние сме во можност да реализираме развој сега и во иднина“.

Директорот на надзорниот одбор John Lorist од Холанија изјави „САД се еден од водечките пазари за производство на свинско месо и затоа е од стратешка важност за нас. Со новата станица ќе бидеме во можност да им обезбедиме на нашите клиенти најдобра генетика на најдобар можен начин. Ние сме сигурни дека нашиот тим во САД, заедно со целата поддршка од главната канцеларија ќе го зголеми нашиот удел во пазарот. Промовиравме нов производ и заедно со знаењата и поддршката кои ги нудиме имаме пакет кој перфектно се склопува со барањата на пазарот во САД“

Фотографија:
Од лево на десно: Bruce Zierke, В.О партнери; Mike Terrill, генерален директор за  Topigs Norsvin САД; John Lorist, Директор за Topigs Norsvin International; Peter van Kemenade, Директор за Америка на Topigs Norsvin International; Jim Nordquist, В.О. партнер.