if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

Topigs Norsvin воведува online миниторинг програм за исхрана на маторици

feedtool

2 април 2015

Назад

Тopigs Norsvin воведува прв он-лајн мониторинг програм за исхрана на маторици (Sow Feeding Monitor). Тоа е он-лајн алатка која им овозможува на експертите за исхрана и на фармерите да ја споредат просечната кондиција на популацијата на маторици со онаа препорачана од  Topigs Norsvin.  Споредувањето се врши на основа на мерењена масата на маторицата во прасење и одбивање, дебелината на грбната сланина и бројот на бодови за кондицијата. Цел на оваа програма е да се подобри хомогеноста на популацијата на маторици на начин на кој што прво се проценуваат настанатите разлики во кондицијата на единката, а потоа таа разлика да се намали со помош на најадекватна крива на исхрана и стратегија за дотур на храна.

Topigs Norsvin мониторинг програмот за исхрана помага да производителите ја одредат варијабилноста во популацијата на маториците и на тој основ да ги групираат спрема нивната кондиција. Целта е 85% од маториците да бидат во група со идеална кондиција при прасење и при одбивање. Ако голем процент од маториците испаднат од групата со идеална кондиција, се зголемува трошокот за исхрана и се влошуваат репродуктивните способности. Затоа треба да се трудиме што повеќе маторици да се задржат во групата со идеална кондиција сошто се поправа производството, финансиските резултати и вкупната ефикасност на исхраната на популацијата во целост. Topigs Norsvin програмата за мониторинг е на располагање на сите производители на Topigs Norsvin. Покрај тоа, Topigs Norsvin обезбедува и понатамошна поддршка за објаснување и толкување на резултатите. На производителите на располагање им се врвни светски експерти да им помагаат во обликувањето на изедначени популации на маторици со што се постигнува продуктивно производство. За повеќе прашања Ве молиме обратете се на локалните експерти на Topigs Norsvin.