if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

JSR Genetics и Topigs Norsvin се согласуваат на партнерство во генетиката

JSR

20 мај 2015

Назад

JSR Genetics и Topigs Norsvin постигнаа договор да формираат партнерство во областа на генетиката за Велика Британија. JSR Genetics ќе постанат ексклузивен дистрибутер на Topigs Norsvin генетиката во Велика Британија и активностите за В.О. од AIM UK во Велика Британија ќе бидат интегрирани во мрежата на JSR. AIM UK е дел од мрежата за В.О. на Topigs Norsvin. Исто така, JSR Genetics и Topigs Norsvin ќе ги комбинираат нивните програми за истражување и развој. Меѓународните активности на JSR  не се вклучени во ова партнерство.

Линијата на маторици на JSR сега ќе биде засилена со Topigs Norsvin што значи дека Topigs Norsvin ќе биде одговорна за калкулациите за селекциска вредност и други технологии поврзани со селекцискиот програм на JSR во Велика Британија.

Претседателот на JSR Bernard Hoggarth коментираше “Со овој договор, две водечки компании во светот за генетика во свињарството ги здружуваат силите за да постигнат побрз генетски напредок. Двете компании ја задржуваат својата независност, а сепак на JSR и е овозможено да им понуди повеќе избор на светски конкурентни производи на своите клиенти во Велика Британија. Ние се радуваме што на нашите клиенти ќе им го понудиме најдоброто од широката лепеза на производи на двете компании.“

Генералниот менаџер на JSR Tim Rymer додаде “За британскиот пазар ова значи дека производителите добиваат пристап до најновите достигнувања во генетиката во областа на свињарството, поддржан и воден од еден најголемите програми за истражување и развој на светот. Генетиката во свињарството се движи напред со брз чекор и тоа ѝ дава на JSR Genetics инстантен пристап до светот на геномите”.

Martin Bijl, Генерален менаџер на Topigs Norsvin коментираше “Ние сме воодушевени што го постигнавме овој договор со JSR Genetics. Како најиновативна и водечка светска компанија за генетика во свињарството, можеме да ѝ понудиме на JSR истражување и развој како и производи од највисоко ниво, додека JSR нуди значајна инфраструктура и репутација што ни дава огромна можност да се развиваме и растеме во Велика Британија.“