if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

Главниот ветеринар на Topigs Norsvin Danubia одржа предавање во Њу Делхи

20 април 2015

Назад

На повик на Garuda Trade D.O.O. од Унгарија и индиската фирма Ayurvet Ltd од Њу Делхи, директорот одгледување и главен ветеринар на Topigs Norsvin Danubia DOO, Д-р Ендре Мочари учествуваше на 7 и 14 октомври во научна и туристичка посета на Индија организирана од тие две фирми. Деветчлената унгарска делегација ја предводеше директорката за продажба и маркетинг на Garuda Trade D.O.O., Агнеш Берењи. Од фирмата домаќин, водич на гостите од Унагрија беше ветеринарот Прафул Кумар.

Унгарската делегација учествуваше на дводневевна конференција во Њу Делхи организирана од меѓународно признатата индиска фирма Ayurvet Ltd. Која произведува ајурведски ветеринарни производи. Д-р Ендре Мочари на оваа конференција одржа предавање на англиски јазик по наслов: „ Topigs Norsvin, најиновативна компанија за генетика на свињи“. Покрај еминантните индиски и странски предавачи, значењето на оваа конференција го зголеми со свое предавање некогашниот индиски претседател Д-р Абдул Калон.

Делегација беше удостоена и со посета на производствениот погон и истражувачкиот центар на Ayurvet Ltd. во Бадија. Ayurvet Ltd. ја започна својата работа во 1992 година со цел да со помош на древните сознанија на индиската ајурведска медицина помогне за решавање на широк спектар на проблеми кои се јавуваат во ветеринарството. Од самото основање, главна насока на оваа компанија е иновација која се базира на сериозна истражувачка работа и неуморното освестување на јавноста дека употребата на растителни екстракти на долги патеки може ефикасно и сигурно да се користи во ветеринарството. Ајурвет препарати се произведуваат во погоните кои с еопремени со технологија од 21 век и поседуваат GMP и ISO 9001:2000 сертификати на Европската унија.

Домаќините се погрижија да покрај стручниот програм, ја доживееме и убавината на архитектонските ремек дела на Индија. Во градот Агра ја посетивме тврдината и Таџ Махал, главниот град на индиското могулско царство Fatehpur Sikri, а отидовме и на излет во индискиот национален резерват за птици Bharatpur. Учествувавме на незаборавна посета на стариот и новиот Делхи каде ја посетивме лотосовата црква, градбите Кутаб Минар кои припаќаат на светското наследство и црква на сиките.