if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

НАШИ ПРОИЗВОДИ

inGene

InGene

Со InGene системот можете да произведете Topigs Norsvin маторици на својата фарма користејќи знаење и поддршка од Topigs Norsvin. Постанувате одгледувач на својата фарма и имате директна корист од генетскиот напредок кој го реализира Topigs Norsvin.

На тој начин правите фарма од затворен тип; нема потреба да се носат животни на фармата туку само сперма. Најдобрите мајчински линии од дедовските маторици се користат за производство на нови мајчински линии од дедовски маторици. Останатите произведуваат родителски маторици.

Добивате пристап до најдобриот генетски материјал
Со Topigs Norsvin InGene системот можете да користите најдобар генетски материјал директно од врвот на селекциската пирамида на својата фарма.

Искористете го знаењето на Topigs Norsvin
Со InGenе можете да ги искористите знаењата на Topigs Norsvin. Нашите експерти Ве подржуваат во секој аспект на одгледувачката селекција.

Постанете дел од глобалниот одгледувачки програм со помош на Pigbase програмата
Вашата фарма и нејзините одгледувачки активности ќе бидат шриклучени на Pigbase. Тоа значи дека маториците на Вашата фарма можат да бидат вклучени во обемната светска одгледувачка база на податоци на Topigs Norsvin.

Предностите на InGene

  • Донесувате само сперма, а не животни на вашата фарма; здравствениот ризик е сведен на минимум.
  • Произведувате назимки кои имаат имунитет специфичен за Вашата фарма и на тој начин го стабилизирате здравствениот статус на Вашето стадо.
  • Максимален генетски напредок спрема Вашите потреби.
  • Прилагодена селекција која се базира на специфични карактеристики на фармата е лесна за реализација.
  • Пристап до сперма од нерези од нуклеусите на мајчинските линии на Topigs Norsvin.
  • Едноставно користење: лесно се користи благодарение на интеграција на системот кој управува со маториците и прилагодените совети за одгледување од Pigbase и InGene.