if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

НАШИ ПРОИЗВОДИ

Татковски линии

Top Pi

Top Pi (тип на Пиетрен) е нерез чие потомство се одликува со висок % на месо во трупот.

Top Pi гоениците:

  • имаат висока вредност на трупот,
  • имаат тенка грбна сланина и големо филе,
  • имаат висок дневен прираст,
  • се стрес негативни (PSS слободни) и
  • се со атрактивна конформација на трупот.

Talent

Потомците на Талент нерезот (тип на Дурок) доминираат во периодот на гоење, преку комбинирање на висока ефикасност во исхраната и висок квалитет на трупот и месото.

Talent гоениците:

  • имаат супериорен дневен прираст и конверзија на храна,
  • се погодни за сите системи на исхрана: течна и сува или слободна и рестриктивна,
  • се униформни и витални,
  • имаат  висок % на месо и одлични шунки и
  • имаат висок квалитет на труп и месо.

Norsvin Duroc

Norsvin Duroc е силна, продуктивна и немасна терминална татковска линија. Norsvin Duroc дава прасиња кои се витални и имаат висок дневен прираст.

  • Витални прасиња со висок процент на месо
  • Добра конверзија на храна
  • Висок квалитет на месото
  • Одгледување со СТ технологија

Tempo

Темпо (тип на Јоркшир) е нерез чие потомство се одликува со значајна виталност. Темпо гоениците растат брзо,  тие се силни и робусни од раѓање до испорака на пазар.

Tempo гоениците:

  • се многу отпорни и робусни со низок морталитет,
  • имаат висок дневен прираст и униформност,
  • добро се вклопуваат во различни системи на исхрана дури и кога храната не е висок квалитет,
  • отпорни на тешки услови на чување преку одржување на висок апетит и
  • имаат одличен квалитет на месото, особено кременадлите.