if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

НАШИ ПРОИЗВОДИ

СИТЕ ПРОИЗВОДИ

Чисти линии

Topigs Norsvin има широк спектар на основни линии. Секоја основна линија има свои специфики. Со комбинирање на тие линии може да одгледаме типови на свињи за сите состојби. Тоа значи да произведеме оптимални прасиња и гоеници за секоја клима, менаџмент или пазар.

Topigs 20

Topigs 20 е маторица базирана на Топигс Норсвин Јоркшир и Ландрас линии.

Топигс 20 се одликува со:

  • висока плодност,
  • голем број на живородени прасиња,
  • одлична мајчинска способнoст,
  • мирен темперамент и цврст формат,
  • производство на гоеници со висок прираст, добра конверзија на храна и оптимален % на месо.

Topigs 40

Topigs 40 е маторица базирана на Топигс Норсвин Јоркшир линии.

Топигс 40 се одликува со:

  • Робусност и одличен апетит,
  • Добри перформанси дури и во тешки услови на чување,
  • Јасни знаци на еструс,
  • Мала потреба од работна рака,
  • Добар формат, силни нозе и долговечност,
  • Економично производство на гоеници со висок квалитет на месото

Top Pi

Top Pi (тип на Пиетрен) е нерез чие потомство се одликува со висок % на месо во трупот.

Top Pi гоениците:

  • имаат висока вредност на трупот,
  • имаат тенка грбна сланина и големо филе,
  • имаат висок дневен прираст,
  • се стрес негативни (PSS слободни) и
  • се со атрактивна конформација на трупот.

Talent

Потомците на Талент нерезот (тип на Дурок) доминираат во периодот на гоење, преку комбинирање на висока ефикасност во исхраната и висок квалитет на трупот и месото.

Talent гоениците:

  • имаат супериорен дневен прираст и конверзија на храна,
  • се погодни за сите системи на исхрана: течна и сува или слободна и рестриктивна,
  • се униформни и витални,
  • имаат  висок % на месо и одлични шунки и
  • имаат висок квалитет на труп и месо.

Norsvin Duroc

Norsvin Duroc е силна, продуктивна и немасна терминална татковска линија. Norsvin Duroc дава прасиња кои се витални и имаат висок дневен прираст.

  • Витални прасиња со висок процент на месо
  • Добра конверзија на храна
  • Висок квалитет на месото
  • Одгледување со СТ технологија

Tempo

Темпо (тип на Јоркшир) е нерез чие потомство се одликува со значајна виталност. Темпо гоениците растат брзо,  тие се силни и робусни од раѓање до испорака на пазар.

Tempo гоениците:

  • се многу отпорни и робусни со низок морталитет,
  • имаат висок дневен прираст и униформност,
  • добро се вклопуваат во различни системи на исхрана дури и кога храната не е висок квалитет,
  • отпорни на тешки услови на чување преку одржување на висок апетит и
  • имаат одличен квалитет на месото, особено кременадлите.

InGene

Со InGene системот можете да произведете Topigs Norsvin маторици на својата фарма користејќи знаење и поддршка од Topigs Norsvin. Постанувате одгледувач на својата фарма и имате директна корист од генетскиот напредок кој го реализира Topigs Norsvin.

На тој начин правите фарма од затворен тип; нема потреба да се носат животни на фармата туку само сперма. Најдобрите мајчински линии од дедовските маторици се користат за производство на нови мајчински линии од дедовски маторици. Останатите произведуваат родителски маторици.

Добивате пристап до најдобриот генетски материјал
Со Topigs Norsvin InGene системот можете да користите најдобар генетски материјал директно од врвот на селекциската пирамида на својата фарма.

Искористете го знаењето на Topigs Norsvin
Со InGenе можете да ги искористите знаењата на Topigs Norsvin. Нашите експерти Ве подржуваат во секој аспект на одгледувачката селекција.

Постанете дел од глобалниот одгледувачки програм со помош на Pigbase програмата
Вашата фарма и нејзините одгледувачки активности ќе бидат шриклучени на Pigbase. Тоа значи дека маториците на Вашата фарма можат да бидат вклучени во обемната светска одгледувачка база на податоци на Topigs Norsvin.

Предностите на InGene

  • Донесувате само сперма, а не животни на вашата фарма; здравствениот ризик е сведен на минимум.
  • Произведувате назимки кои имаат имунитет специфичен за Вашата фарма и на тој начин го стабилизирате здравствениот статус на Вашето стадо.
  • Максимален генетски напредок спрема Вашите потреби.
  • Прилагодена селекција која се базира на специфични карактеристики на фармата е лесна за реализација.
  • Пристап до сперма од нерези од нуклеусите на мајчинските линии на Topigs Norsvin.
  • Едноставно користење: лесно се користи благодарение на интеграција на системот кој управува со маториците и прилагодените совети за одгледување од Pigbase и InGene.