if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

ПОВЕЌЕ ЗА НАС

Topigs Norsvin

Topigs Norsvin: Најиновативна компанија во светот за генетика во свињарството

Topigs Norvin е позната по својот иновативен пристап за спроведување на нови технологии и континуиран фокус на економично производство на свињи. Темел на компанијата е истражување, иновации и ширење на генетскиот напредок. Континуираното подобрување на производите им овозможува на клиентите да се здобијат со значајни додатни вредности во своето производство.

Селекциски програм

Селекцискиот програм на Topigs Norsvin е единствен. Комбинација на високопропусни фенотипизации, компјутерска томографија на голем број нерези, глобално одгледување на нуклеусот, собирање на голем број производни податоци и геномската селекција која ќе го забрза генетскиот развој и ќе доведе до иновативни производи и решенија кои се од корист за цел ланец на производство на производи од свинско месо.

Со производство на преку 1,55 милиони вкрстени назимки и 8 милиони спермални дози на година, Topigs Norsvin е еден од најголемите испорачатели на генетика во областа на свињарството во светот. Секоја година повеќе од 90 милиони заклани свињи се произведени со генетика на Topigs Norsvin.

Генетика

Topigs Norsvin е спој на најдобрата генетика која се базира на производство на свинското месо и маркетингот. Целото наше знаење и подршка е на располагање на нашите клиенти. Нашите експерти ги советуваат и ги подржуваат производителите како да извлечат максимум од нашата генетика.

Најнова технологија

Topigs Norsvin исто така пружа најнова технологија за вештачко осеменување. Ние сме светски лидери во знаење и технологија на тоа подрачје. Topigs Norsvin е во сопственост на земјоделци и се финансира од дивидендите кои доаќаат од генетскиот напредок и примената на достигнувањата од истражувањата и напредокот. Малцинските акционери се преработувачи намесо кои поседуваат свои фарми и дистрибутери на сточна храна.