if ( function_exists('cn_cookies_accepted') && cn_cookies_accepted() ) { }
CLOSE

ПОВЕЌЕ ЗА НАС

КОНВЕРЗИЈА НА ХРАНА

Topigs Norsvin важи за  ефикасен производител на свинско месо. TOPIGS генетиката дава највисока конверзија на храна во тек на целиот циклус на производство од опрасување до колење. Цената на храната е најважен трошок во производството на свињи кој во иднина ќе расте уште повеќе. Заради тоа, конверзијата на храна е најважен аспект во производството на свињи. Нашата генетика е најефикасна по тоа прашање, нашите маторици и гоеници имаат добра конверзија на храната и ниска стапка на смртност.

Останати аспекти на влијанието на конверзијата на храна:

Долговечност на маториците:

Topigs Norsvin маториците се лесни за одржување, силни и произведуваат легла со голем број на прасиња за време на репродуктивниот период.

Ефикасна лактација и плодност:

Балансираниот пристап на Topigs Norsvin за селекција на маторици резултира во  голем број на прасиња по легло и добра лактација.

Витални прасиња и гоеници:

Повеќе од 10 години Topigs Norsvin развива витални прасиња. Резултат на тоа е добивање на изедначени прасиња и силни прасиња.

Ниска стапка на смртност на гоениците:

Topigs Norsvin свињите се витални и имаат ниска стапка на смртност и висока конверзија на храна.